Наши Производи

Од идеја до перфектен простор

КУЈНИ

Изработуваме кујни по мерка, со меко затварање, со рачки или пак без, целосно прилагодени на просторот и навиките на клиентот.

Повеќе

ДЕТСКИ СОБИ

Детските соби се практични, безбедни и прилагодени на возраста на детето. Комбинираме кревети, плакари, бироа и полици мебел што се користи со години.

Повеќе

ПЛАКАРИ

Нашите плакари по мерка се дизајнирани така што секој сантиметар е паметно искористен, со внатрешен распоред кој одговара на Вашите потреби.

Повеќе

ДНЕВНИ СОБИ

Простор за релаксација и повеќе часовно уживање. Дневните соби ги изработуваме според Вашиот дизајн или во соработка со дизајнер/архитек

Повеќе

КАНЦЕЛАРИСКИ МЕБЕЛ

Mебел за канцеларии, хотели, ресторани и други простории, прилагодени на просторот и функционалноста, без да се наруши естетскиот впечаток.

Повеќе

КРЕВЕТИ

Kревети по мерка според Вашите димензии и желби. Модерни, едноставни или со дополнителен простор за складирање секое решение е функционално и издржливо.

Повеќе

За нас

Квалитетен плочест мебел по мерка

DCraft е компанија специјализирана за професионална изработка на плочест мебел по мерка, посветена на создавање функционални и естетски беспрекорни простори. Нашето широко портфолио опфаќа модерни кујни, удобни дневни и детски соби, практични плакари, канцелариски мебел, кревети, како и елегантен мебел за бањи.

Секој проект на кој работиме се одликува со максимално внимание кон најситните детали и врвен квалитет на изработка. Нашата цел е да создадеме мебел кој не само што изгледа одлично, туку е издржлив и ќе се користи со години.

Флексибилни сме во процесот на работа и можеме да реализираме проекти според ваш веќе изработен дизајн или нацртна скица. Но, доколку немате готов дизајн, вие сте без грижи. Ние тесно соработуваме со искусни дизајнери и архитекти кои со задоволство ќе го изработат идеалното решение специјално за вашиот простор.

Дозволете ни да го претвориме секое празно катче во ваше омилено место за уживање.

Дознај повеќе

Препораки

Што велат клиентите!